Ekipa
30 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
КОЧАЕЛИ (АА) - На источниот крај на Мраморното Море помеѓу местото Јалова и Гебзе денес свечено ќе биде отворен висечкиот мост Османгази, мега проектот кој е дел од автопатот во должина од 433 километри, кој ќе ги поврзува Гебзе, Орхангази и Измир, јавува Anadolu Agency (AA).
Мостот Османгази, кој уште се нарекува „Заливски ѓердан” е дел од автопатот кој претставува најголем патен инфраструктирен проект во турската историја. Патниот правец, моменталното деветчасовно возење од Истанбул до Измир, ќе го намали три и пол часа. Исто така, благодарејќи на мостот, возењето измеѓу точките кои ги поврзува, кое траеше два часа, сега ќе трае само четири минути.
Висечкиот мост помеѓу градовите Гебзе и Јалова има среден распон од 1.550 метри, висината на носечките столбови му е 252 метри, а вкупната должина на мостот е 2.682 метри, што го прави четврт најдолг мост на тој вид во светот.
Градењето на мостот, чиј камен темелник е поставен на 30-ти март 2013 година, траеше 39 месеци. Оваа градба многу луѓе ќе ги потсети на мостот „Голден Гејт”, еден од симболите на Сан Франциско.
На церемонијата на свечено отворање ќе присуствуваат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим, министерот за сообраќај, поморство и комуникации, Ахмет Арслан и бројни гости.
Автопатот со должина од 433 километри, кој ќе ги поврзува Гебзе, Орхангази и Измир ќе биде најголем патен инфраструктурен проект во турската историја. Проектот ќе биде довршен до 2018 година. Ќе започнува во градот Гебзе, на северниот дел на заливот Измит, а со еден дел ќе го спојува Црното Море со егејското крајбрежје.
Турција во последниот период оствари значајни инфраструктурни проекти, меѓу кои се истакнуваат третиот мост преку Босфорот во Истанбул, изградбата на третиот истанбулски аеродром која ќе чини 10,25 милијарди евра, а воедно ќе биде најголем аеродром на светот.