Emel Öz Gözellik
17 Август 2017•Ажурирај: 17 Август 2017
БАРСЕЛОНА (AA) - Повеќе лица се повредени денеска попладне кога во шеталиштето во самиот центар на Барселона се залета комбе кое удри во група пешаци, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека бело комбе со залета во пешаци во познатата туристичка зона Лас Рамблас во Барселона.
Полицијата потврди дека комбето дојде на тротоарот и се залета во повеќе луѓе во како што наведоа, "голем судир".
Од полицијата известија дека во таа прилика се повредени голем број лица.
Каталонската служба за вонредни ситуации соопшти дека доби наредба да ги затвори метро и возните линии на тоа подрачје.
Метрото моментално е затворено, а полициската истрага е во тек.
Шпанските медиуми јавуваат дека некои луѓе останале да лежат на тротоар.