Ekipa
17 Јули 2016•Ажурирај: 18 Јули 2016
НИЦА (АА) - Француските власти утрово приведоа уште две лица како дел од истрагата за нападот во Ница, на Денот на Бастиља, во кој загинаа најмалку 84 лица, во обидите на властите да се утврди дали напаѓачот е поврзан со екстремистички групи или беше само незадоволен поединец, јавува Anadolu Agency.
Според обвинителството, еден маж и една жена, беа уапсени во Ница, во врска на истрагите за тероризмот. Не е откриен идентитетот на уапсените, но се наведува дека петмината уапсени претходно во истата истрага, остануваат во притвор.
Истрагата се обидува да открие потенцијални соработници и соучесници на 31-годишниот возач на камионМохамед кои со години живеше во Ница. Тој беше убиен од полицијата откако со камион удри во маса на луѓе во центарот на Ница во четвртокот навечер.
Терористичката организација ДАЕШ ја презеде одговорноста за нападот, но остана нејасно дали напаѓачот имал одредена врска со групата. Според изјавата на ДАЕШ, тој го следеше нивниот повик за напади врз граѓаните на земјите кои се борат против екстремистите.
Француските власти не ги отфрлаат овие тврдења, но не најдоа конкретен доказ за поврзување на напаѓачот со ДАЕШ.
Министерот за внатрешни работи на Франција Бернар Казнев, вчера изјави дека "се чини дека тој бил радикализиран многу брзо."
Во меѓувреме шеталиштето каде беше изведен напад во Ница, стана место за оддавање почит на мртвите, каде голем број граѓани оддаваат почит и остават цвеќиња.