Ömer Tuğrul Çam,Barış Seçkin
11 Јануари 2022•Ажурирај: 12 Јануари 2022
БРИСЕЛ
Пред зградата на Европскиот парламент во Брисел денес е одржана комеморација за претседателот на тој парламент, Давид Сасоли, кој рано утринава почина во Италија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пратениците во Европскиот парламент, персоналот и пријателите на Сасоли се собраа денес пред Парламентот за да му оддадат почест на италијанскиот политичар.
Насобраните со една минута молк му оддадоа почест на Сасоли, кој почина на 65 години, а некои не можеа да ги задржат солзите.
Папата Франциск испрати порака со сочувство до семејството. Папата наведе дека Италија и ЕУ се во жалост поради загубата на Сасоли, кој го нарече милосрден компетентен новинар, ценет државник кој давал сè од себе за јавното добро.
Италијанските медиуми објавија дека погребот на Сасоли ќе биде одржан во Рим, во петок, на 14 февруари.
Давид Сасоли, претседателот на Европскиот парламент, почина во болница во Италија, каде што се лекуваше две недели.
„Сасоли беше хоспитализиран на 26 декември во Италија“, соопшти неговата канцеларија во понеделникот, поради „сериозни компликации како последица на дисфункција на имунолошкиот систем“.
Во септември минатата година тој беше примен во болница поради воспаление на белите дробови и со недели не можеше да претседава со пленарните седници и да присуствува на состаноците на високо ниво.