Dmitri Chirciu
13 Февруари 2022•Ажурирај: 14 Февруари 2022
МОСКВА
Претседателот на Русија, Владимир Путин, му рекол на американскиот колега, Џо Бајден, дека не разбира зошто американскиот претседател свесно дал лажни информации за инвазија на Русија врз Украина, известува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи пред новинарите за телефонскиот разговор меѓу Путин и Бајден што траеше повеќе од еден час, надворешнополитичкиот советник на Кремљ, Јуриј Ушаков, рече дека состанокот бил избалансиран и деловно ориентиран.
„Разговорот измина во атмосфера на невидена хистерија дека Русија сигурно ќе тргне во напад на Украина во блиска иднина“, рече Ушаков и додаде дека тврдењата дека Русија ќе ја нападне Украина се координирано ширење на Западот.
Ушаков рече дека приказната за наводна руска инвазија создава предуслови за можни провокативни акции на Украинските вооружени сили.
„Американците вештачки ја зголемуваат хистеријата околу наводната планирана инвазија, дури има и датуми на инвазијата, а паралелно со тоа, сојузниците обезбедуваат финансиски средства за јакнење на украинската Војска и зголемување на бројката на воени инструктори испратени во Украина“, рече Ушаков.
Тој рече дека американскиот претседател Бајден му рекол на Путин дека Вашингтон и Москва мораат да дадат сè од себе за да ја поддржат стабилноста и безбедноста во светот и покрај тоа што се ривали.
„Бајден нагласи дека во рамките на украинското прашање треба да се стори сè за да се избегне најлошото сценарио“, рече Ушаков.
„Путин предупреди дека вооружувањето на Украина од страна на западните земји е опасно. Западните земји поттикнуваат провокативни акции на украинските воени сили во Донбас и на Крим“, истакна Ушаков.