Ekip
13 Февруари 2022•Ажурирај: 16 Февруари 2022
МОГАДИШУ
Жена и нејзините две деца починаа од глад и жед во југозападниот дел на Сомалија. Локалната администрација стравува дека билансот на смртни случаи би можел значително да се зголеми имајќи ја предвид сушата што ја погоди провинцијата Бакол, известува Агенција Анадолија (АА).
Мохамед Кејр Салаад, комесар на дистриктот Рабдуре, за локалните медиуми изјави дека округот е погоден од сушата и дека стравува од зголемување на бројот на починати лица поради недостатокот на вода и храна.
Информираше дека регионот веќе 8 години е блокиран од терористичката група Ал Шабаб поврзана со Ал Каеда, што оневозможува на луѓето да им се достави хуманитарна помош.
„Единствен начин да се дојде до унесреќените луѓе кои страдаат од блокадата е по воздушен пат или по патиштата што водат до границата со Етиопија“, рече Салаад и додаде дека моменталната криза ги надминала капацитетите на регионалната администрација.
Сомалија и Африканскиот Рог се сцена на една од најголемите суши во последните неколку децении. На повеќе од 4,3 милиони луѓе им е потребана хуманитарна помош во Сомалија поради сушата поврзана со климатските промени.
Меѓународните хуманитарни организации соопштија дека од сушата во регионот во изминатите два месеци пцовисаа 700.000 грла крупна и ситна стока.
Владата на Сомалија ја прогласи сушата во земјата за хуманитарна вонредна состојба.