Ali Cura
28 Април 2022•Ажурирај: 29 Април 2022
МОСКВА (АА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека снабдувањето со оружје на Украина и другите западни земји ќе ја загрози безбедноста на континентот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за медиумите Песков се осврна на повикот на британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, за континуирано снабдување со оружје на Украина.
„Трендот на снабдување со оружје на Украина и други земји, вклучително и тешко оружје, само по себе е дејство што ја загрозува безбедноста на континентот и предизвикува нестабилност.“
Трас, повикувајќи на продолжување на испораката на оружје за Украина против Русија, рече дека е неопходно да се осигура дека Молдавија и Грузија се способни да го заштитат својот суверенитет и слободи.