Şerife Çetin
10 Август 2017•Ажурирај: 11 Август 2017
БРИСЕЛ (АА) - Во врска со тоа што бегалците кои сакаат да преминат во Италија, преку Средоземното Море, се спречени од страна на Европската Унија (ЕУ), Меѓународната хуманитарна организација Оксфам (Oxfam) истакна дека овие бегалци се принудени да живеат „пеколен живот“ во Либија, јавува Anadolu Agency (AA).
Оксфам објави извештај под наслов „Веќе не си човек“ во врска со бегалците кои се обидуваат да преминат од Либија во Европа.
Во овој извештај, којшто се однесува на „погрешната бегалска политика“ на ЕУ, се наведува дека бегалците кои сакаат да дојдат до Италија, преку Средоземното Море, се спречени од страна на Европската Унија (ЕУ), и се принудени да живеат „пеколен живот“ во Либија.
„ЕУ треба да биде 'тврдина на човековите права'. Земјите-членки на ЕУ треба да овозможат бегалците безбедно да пристигнат во Европа, и треба да им се даде право на праведен и транспарентен процес за азил“, се вели во извештајот.
Како што се наведува во овој извештај, ваквата состојба за бегалците кои се обидуваат да преминат од Либија во Европа, не е избор за нив, туку неопходност за да опстанат.
Исто така, се истакнува дека илјадници бегалци кои сакаат да преминат од Либија во Италија се изложени на смрт, киднапирање, ропство, тортура и сексуално насилство, а особено жените бегалци се во најголема опасност.
Според овој извештај, политиките на Европа да ги држи бегалците во Либија се погрешни и неуспешни и како резултат на овие политики на Европа, уште повеќе лица ќе бидат изложени на злоупотреба.
„Ако Европа продолжи да ги игнорира искуствата на бегалците кои се обидуваат да избегаат од војна, прогон и сиромаштија, бегалската политика на ЕУ и понатаму ќе биде неуспешна. Уште илјадници бегалци ќе ги загубат своите животи обидувајќи се да стигнат до безбедност“, се вели во извештајот.
Во овој извештај се дадени некои препораки за бегалската политика на ЕУ. Во овие рамки, се упатува апел ЕУ да не потпишува договори за спречување на бегалците кои се обидуваат да избегаат од Либија, да се обезбеди можност барањата за азил да бидат направени во една безбедна средина и да се нудат алтернативи за бегалците да не ги изложуваат своите животи во опасност при обидот за преминување во Европа.