Ekip
09 Декември 2017•Ажурирај: 10 Декември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), која беше свикана откако Доналд Трамп ја објави одлуката дека го признава Ерусалим како главен град на Израел, донесе изјаснување на другите 14 земји-членки во однос на таквата одлука, јавува Anadolu Agency (AA).
Една по една, 14-те земји-членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, ги изнесуваа своите ставови против, некои со жалење, некои со гнев кон 15 членка, САД.
Седницата во петокот вечерта не по прв пат донесе таков сценарио. И досега се случувало САД да стојат на страната на својот најголем сојузник Израел во најмоќното тело на Обединетите нации. Со децении, САД ставаа вето на различни резолуции на Советот за безбедност за кои сметаа дека се штетни за Израел.
Меѓутоа, синоќешната седница беше една од ретките кога е изнесен голем број примедби за акцијата која САД ја превзеде и за која сите други членки сметаат дека ја кршат резолуциите и одлуките на ОН за тоа дека Ерусалим е прашање кое треба да го решат Израел и Палестина во финалните мировни разговори.