Moustafa Maged Haboosh,Zeynep Tüfekçi
09 Декември 2017•Ажурирај: 09 Декември 2017
РАМАЛА (AA) - Најмалку двајца шехиди загинаа, а 351 лице е повредено во нападот на израелските војници на демонстрантите кои во петок се собраа на Западен брег, Ерусалим и Газа за да протестираат поради одлуката на САД во врска со градот Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Од палестинското Министерство за здравство наведоа дека во текот на протестите во четврток и петок на местото на настаните е пружена помош за 945 Палестинци, а 154 се хоспитализирани.
Потврдија дека загинааа две лица и дека 69 се ранети со боева муниција, а 271 со гумени куршуми. Од Министерството истакнаа дека 748 лица имаа гушење од последиците на солзавец.
Американскиот претседател Доналд Трамп во среда го призна Ерусалим како главен израелски град и најави преместување на амбасадата на својата земја од Тел Авив и покрај силното спротивставување на меѓународната заедница.
Ерусалим останува во центарот на израелско-палестинските судири, а Палестинците се надевуаат дека источен Ерусалим, кој моментално е под окупација на Израел, ќе биде главен град на идната палестинска држава.