Emre Gürkan Abay
27 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, истакна дека верува оти Конгресот за национален дијалог ќе ги започне директните преговори меѓу сириската влада и опозицијата во Женева, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров, во својата изјава во Москва, нагласи дека преговорите во Астана, во коишто земји-гаранти беа Турција, Иран и Русија, ќе ги забрзаат минатогодишните преговори кои се реализираа во рамките на ОН.
Шефот на руската дипломатија тврди дека исто и Конгресот за национален дијалог, кој ќе се одржи во рускиот град Сочи, ќе има слично влијание.
„Целосно веруваме дека Конгресот за национален дијалог директно ќе ги започне преговорите меѓу сириската влада и опозицијата во Женева, без какви било предуслови“, рече Лавров.
Конгресот за национален дијалог на Сирија ќе се одржи во периодот од 29 до 30 јануари во рускиот град Сочи, со учество на околу 1.700 лица.
Во заедничкото соопштение на Турција, Иран и Русија беше дадена поддршка за Конгресот, кој се предвидува да се одржи меѓу режимот на Башар ал-Асад и опозицијата.