Mümin Altaş
27 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
РИЈАД (АА) - За време на средбата помеѓу турскиот премиер Бинали Јилдирим, и саудискиот крал Селман бин Абдулазиз, кој се одржа во Ријад, нагласена е важноста на статусот на Кудс, и е истакнато оти е неопходно целиот исламски свет да направи заеднички чекори за заштита на правата на pалестинскиот народ и дека резолуцијата усвоена на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) е една силна порака за меѓународната заедница, јавува Anadolu Agency (АА).
Според информациите добиени од извори од кабинетот на премиерот, Јилдирим и Селман за време на состанокот разговарале околу билатералните односи, а била нагласена важноста која Турција ја дава на односите со Саудиска Арабија, која е една од најзначајните земји во Заливот и на Блискиот Исток, каде Турција има длабоки историски, верски и човечки врски.
На средбата разгледани се регионални теми и разменети се мислења за проблемите во регионот. Исто така, нагласена е важноста на статусот на Кудс, за што се истакна дека потребно е целиот исламски свет да направи заеднички чекори за заштита на правата на палестинскиот народ, и дека резолуцијата усвоена во Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) претставува една силна порака за меѓународната заедница.
Од друга страна, кралот Селман изрази задоволство од посетата на турскиот премиер и укажа на важноста од продолжување на консултациите и соработката меѓу Саудиска Арабија и Турција.