Mümin Altaş
27 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
РИЈАД (АА) - На состанокот на турскиот премиер Бинали Јилдирим и саудискиот крал Селман бин Абдулазиз во Ријад, нагласена е важноста на статусот на градот Кудс, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Јилдирим и кралот Селман ја истакнаа потребата целиот исламски свет да преземе заеднички чекори по прашањето за заштита на правата на палестинскиот народ и порачаа дека усвоената резолуција (за Кудс) на Генералното собрание на ОН претставува силна порака до меѓународната заедница.