Emre Gürkan Abay
20 Февруари 2018•Ажурирај: 21 Февруари 2018
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Ларов, верува дека Турција, своите безбедносни интереси во Сирија може да ги заштити во директен дијалог со режимот на Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров по средбата во Москва со Хоџа Мухамед Асиф, министерот за надворешни работи на Пакистан, одржа задничка прес-конференција на која го оцени последниот развој на настаните во Африн, Сирија.
Лавров посочи на фактот дека Турција има оправдана безбедносна загриженост и додаде: „Верувам дека Турција, своите оправдани безбедносни интереси може во потполност да ги заштити во директен дијалог со раководството во Дамаск“.