свет

Лекарите во болницата „Акса“ во Газа оперираат без анестезија

Лекарите во болницата во градот Деир ал-Балах се принудени без анестезија да ги оперираат пациентите ранети во израелските напади

Vesna Besic  | 19.11.2024 - Обновена : 19.11.2024
Лекарите во болницата „Акса“ во Газа оперираат без анестезија Фото: АА/Архива

ДЕИР АЛ-БАЛАХ (АА) - Во болниците во Појасот Газа има недостиг од лекови и медицинска опрема поради спречувањето да влезе медицински материјали во палестинската енклава, која е под израелски напади и ембарго, јавува Анадолу.

Лекарите во болницата „Акса“ во градот Деир ал-Балах се принудени без анестезија да ги оперираат пациентите ранети во израелските напади.

Докторот Ијад Мухамед ел Џебри, кој работи во болницата, рече дека и покрај здравствената криза во регионот, на палестинските пациенти не може да им се обезбедат потребните здравствени услуги поради недостиг на потребната медицинска опрема и генератори.

Тој наведе дека многу тешко повредените што дошле во болницата починале поради тоа што нема анестезија.

Од 5 октомври Израел започна голема копнена операција во северниот дел на Газа наводно за да спречи прегрупирање на палестинската група на отпорот Хамас. Палестинците, пак, го обвинуваат Израел дека сака да го окупира тоа подрачје и насилно да ги исели нејзините жители.

Оттогаш никаква хуманитарна помош, вклучително храна, лекови и гориво, не е влезена во областа, оставајќи најголем дел од населението на раб на глад. Според палестинските здравствени власти, оттогаш се убиени повеќе од 2.000 Палестинци.

Нападот врз северна Газа е последна епизода од израелската брутална војна во Појасот Газа, во која од 7 октомври минатата година се убиени најмалку 43.922 Палестинци, главно жени и деца.

Израел се соочува со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите дејства во Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.