свет

Либан: Најмалку 30 загинати, 35 повредени во израелските воздушни напади врз Баалбек

Бачир Ходр, гувернерот на провинцијата Баалбек-Хермел, соопшти дека израелските воени авиони денес извршиле 20 воздушни напади врз Баалбек

Rania R.a. Abushamala  | 06.11.2024 - Обновена : 06.11.2024
Либан: Најмалку 30 загинати, 35 повредени во израелските воздушни напади врз Баалбек

БЕЈРУТ (АА) - Најмалку 30 лица се убиени, а 35 се повредени во денешните израелски напади врз Баалбек во источен Либан, пренесува Анадолу.

Бачир Ходр, гувернерот на провинцијата Баалбек-Хермел, преку својот профил на Х соопшти дека израелските воени авиони денес извршиле 20 воздушни напади врз Баалбек.

Државната новинска агенција ННА соопшти дека сѐ уште се во тек операциите за потрага по преживеани под урнатините на уништените згради во нападите.

Израел започна голема воздушна кампања во Либан од крајот на септември против, како што вели, позиции на Хезболах, што претставува ескалација на едногодишната прекугранична војна меѓу Израел и либанската група од почетокот на бруталната израелска офанзива во Појасот Газа.

Според либанските здравствени власти, најмалку 3.050 луѓе се убиени, а речиси 13.700 се повредени во израелските напади кои почнаа од октомври минатата година.

Израел го прошири конфликтот со копнениот упад во јужен Либан на 1 октомври оваа година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.