свет

Либанско Министерство за здравство: 33 убиени, 195 повредени во вчерашните израелски напади во земјата

Од почетокот на судирите меѓу Израел и либанската група на отпорот, Хезболах, минатиот октомври, убиени се вкупно 1.640 лица, од кои 104 деца и 194 жени, а 8.408 се повредени

Rania R.a. Abushamala  | 29.09.2024 - Обновена : 29.09.2024
Либанско Министерство за здравство: 33 убиени, 195 повредени во вчерашните израелски напади во земјата

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 33 лица се убиени, а 195 се повредени во израелските воздушни напади во текот на вчерашниот ден врз Либан, се вели во соопштението на либанското Министерство за здравство, јавува Анадолу.

Израелските воени авиони продолжија со воздушните напади врз јужните предградија на Бејрут, таргетирајќи ги Чјах, Борџ ал Бараџне и делови од Лилаки, како и неколку градови на југот.

Од почетокот на судирите меѓу Израел и либанската група на отпорот, Хезболах, минатиот октомври, убиени се вкупно 1.640 лица, од кои 104 деца и 194 жени, а 8.408 се повредени, изјави министерот за здравство Фирас Алабијад на прес-конференција претходно, истиот ден.

Хезболах и Израел разменуваат прекуграничен оган од почетокот на израелскиот напад врз Појасот Газа, во кој загинаа речиси 41.600 лица.

Во неодамнешните жестоки израелски воздушни напади убиен е и Хасан Насрала, лидерот на Хезболах.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.