Mohamed Sabry Emam Muhammed
18 Април 2016•Ажурирај: 19 Април 2016
БЕЈРУТ (АА) - Собранието на Либан ни по 38-ми пат не успеа да спроведе гласање за избор на нов претседател на земјата поради бојкотот од страна на пратениците од редовите на Хезболах, јавува Anadolu Agency (AA).
Мандатот на актуелниот либански претседател Мишел Сулејман истече на 25-ти мај 2014 година, а Собранието ни по 38 пат не успеа да одржи индиректни избори за негов наследник.
На денешната собраниска седница присуствуваа 53 пратеници од вкупно 128. За гласањето беше потребно минимален кворум од 86 присутни пратеници, па претседателот Набих Бери мораше повторно го одложи изборот на нов претседател за наредната седницата која ќе се одржи на 10-ти мај.