Enes Canlı
19 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Либиската Армија соопшти дека од милициите на Хафтар ослободиле уште две области јужно од стратешката воена база „Ватија“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на прес-центарот на операцијата „Вулкан на гневот“, што ја води Владата на национално единство, армиските единици ја повратиле контролата врз областите Бедр и Тиџи, во покраината Налут, по должина на границата со Тунис.
Во изјавата исто така се наведува дека армиските единици од страна на народот биле дочекани со радост.
Локалните медиуми во Либија објавија дека Војската ја презела контролата над Бедр. Медиумите исто така ги споделија снимките од тоа како воените возила на Армијата се распоредуваат по областа.
Областите Бедр и Тиџи се наоѓаат на околу 60 километри јужно од стратешката воена база „Ватија“, која се наоѓа во западниот дел на земјата.