Handan Kazancı
22 Февруари 2021•Ажурирај: 22 Февруари 2021
ТРИПОЛИ
Либискиот министер за внатрешни работи, Фати Башага, вчера избегна обид за атентат, соопшти Министерството, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за внатрешни работи соопшти дека врз Башага и неговиот конвој бил отворен оган со митралези од пикап-возила наполнети со тешко оружје.
„Башага го избегна нападот неповреден и е во добра состојба“, се соопштува од Министерството.
„Едно лице од обезбедувањето на Башага е повредено за време на нападот, додека еден од напаѓачите е неутрализиран, а двајца се уапсени“, се додава од Министерството.
Ривалските политички групи на Либија на 5 февруари се договорија за време на разговорите со посредство на Обединетите нации (ОН) во Женева да формираат привремена влада на единство, што ќе ја води земјата на избори во декември.