Muhammed Semiz
28 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
ТАРХУНА (АА) - Либиските власти соопштија дека во масовните гробници во градот Тархуна, на југот од земјата, пронајдени се уште 12 тела, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Заводот за идентификација и потрага по исчезнати лица преку либиската Влада на социјалните мрежи соопшти дека во текот на ексхумацијата во четири подрачја во Тархуна пронајдени се 12 тела.
Во две масовни гробници пронајдени се по пет тела, а во две поединечни по едно тело.
Заводот на 18 октомври соопшти дека во пет масовни гробници во Тархуна пронајдени се 12 тела на мажи.
На 5 јуни, либиската Армија воспостави контрола во градот Тархуна. По ослободувањето на Тархуна, кој 14 месеци им служеше на милитантите на Хафтар како центар за планирање на нападите врз Триполи, либиските власти соопштија дека во градот и неговата околина се пронајдени најмалку 14 масовни гробници.
Меѓународниот кривичен суд на 22 јуни соопшти дека Обвинителството добило веродостојни информации за масовните гробници.
Припадниците на милицијата Канијат, која го поддржува Хафтар, се товарат за вонсудски егзекуции на неистомисленици и цивилно население за време на контролата над Тархуна.