Arif Yusuf,Zeynep Hilal Karyağdı
20 Април 2016•Ажурирај: 20 Април 2016
РАМАДИ (АА) - Ирачката полиција пронајде три масовни гробници во Рамади во кои се пронајдени тела на војници и цивили убиени од страна на терористите на ДАЕШ за време на шестмесечната окупација, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата во провинцијата Анбар, Разин Кесар, за АА изјави дека за постоењето на масовните гробници и нивните локации дознале од терористите на ДАЕШ кои биле заробени за време на декемвриската операција за ослободување на градот.
Рамади е град со околу 400.000 жители кој се наоѓа на стотина километри западно од Багдад. Под контрола на ДАЕШ беше од крајот на мај до средината на декември минатата година. Трите гробници се откриени во населбата Ел-Мелаб, а во нив досега се пронајдени посмртни останки од најмалку 30 лица.
Кесар изјави дека поголем број од убиените биле војници, но дека имало и цивили и најмалку две деца. Истакнувајќи дека на повеќето пронајдени посмртни остатоци се воочени прострелни рани нанесени со огнено оружје, Кесар рече дека терористите на ДАЕШ најверојатно ги стрелале тие луѓе и гаѓале од непосредна близина бидејќи раните воглавно биле на истите делови на телата на убиените.