Davut Demircan
29 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Уште девет неидентификувани тела се откриени во масовните гробници во либискиот град Тархуна, јавува Агенција Анадолија (АА).
Камал ал-Сиви, претседателот на Либиското генерално тело за истражување и идентификација на исчезнати лица, соопшти дека од почетокот на потрагата на 5 јуни, бројот на откриени тела се искачил на 19.
Градот Тархуна, лоциран на околу 90 километри јужно од главниот град Триполи, беше последното упориште на милициите лојални на одметнатиот генерал Калифа Хафтар во западна Либија, пред да биде заземено на почетокот на јуни од страна на силите поврзани со Владата со седиште во Триполи.
Претходно, овој месец, либиските власти објавија дека се во тек меѓународни напори за формирање комитет за утврдување на фактите за истражување на кривичните дела извршени од милициите на Хафтар, како поставувањето нагазни мини, копањето масовни гробници и други дела извршени во Триполи и Тархуна.
Либиската Армија неодамна му нанесе тежок удар на Хафтар и ги ослободи градовите Триполи и Тархуна, како и други стратешки локации, меѓу кои и воздухопловната база „Ал-Ватија“.
Меѓународно признатата либиска Влада на национално единство е под напад на силите на Хафтар од април 2019 година.