Mustafa M. M. Haboush,Hamdi Yıldız
17 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
ТРИПОЛИ
Министерот за внатрешни работи на Либија, Фати Башага и министерката за внатрешни работи на Италија, Лучијана Ламоргезе, која ја посети Либија, разговараа за соработката во областа на безбедноста и чистењето на мините поставени од страна на милициите на генералот пучист Калифа Хафтар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Башага на Твитер напиша дека на средбата се осврнале на различни прашања како зајакнување на соработката во областа на безбедноста меѓу двете земји, нерегуларната миграција, шверцот, трговијата со луѓе, како и за развојот на безбедносните капацитети.
Тој нагласи дека на оваа средба вчера во Триполи со Ламоргезе разговарале и за продолжување на поддршката на Рим во насока на чистењето на мините поставени од страна на милициите на Хафтар од местата од кои се повлекоа.
Ламоргезе во Либија се состана и со премиерот на оваа земја, Фајез ал Сарај и со други либиски претставници.