Enes Canlı
26 Декември 2019•Ажурирај: 27 Декември 2019
ТУНИС (АА) – Фетхи Башага, министерот за внатрешни работи на либиската Влада за национално единство (UMH), која е прифатена како единствен легитимен претставник на Либија, соопшти дека официјално ќе побара воена помош од Турција за да се спротивстават на платениците на Хафтар кој ги отвори воздухопловните бази за странските држави, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Башага, на прес-конференција рече дека пучистот Калифа Хафтар им дал воена база на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), и дека на фронтот заеднички се борат странски борци кои припаѓаат на руската безбедносна компанија „Вагнер“, милицијата „Канкавид“ и бунтовниците од Чад.
„Официјално ќе побараме воена поддршка од Турција за да се спротивставиме на платениците на Хафтар кој ги отвори воздухопловните бази за странските земји“, нагласи Башага.
Истакнувајќи дека Либија има легитимна влада со меѓународна репутација, Башага рече: „Во соработка со Турција, Тунис и Алжир, ќе им служиме на народот, на нашата безбедност и стабилност.“
Тој, исто така, ја поздрави иницијативата под покровителство на Обединетите нации (ОН), која ќе ги опфати сите Либијци.