Ali H. M.Abo Rezeg
09 Април 2019•Ажурирај: 10 Април 2019
ТРИПОЛИ (АА) - Воен авион на силите со седиште во Источна Либија денеска изврши напад врз меѓународниот аеродром во Триполи, јавува Anadolu Agency (AA).
Нема информации за повредени лица.
Аеродромот моментално е под контрола на Владата на национално единство поддржана од ОН, по неколкудневните судири со силите предводени од воениот командант на силите чија база е во Источна Либија, Халифа Хафтар, кој минатата недела започна воена кампања за заземање на Триполи од трупите на Владата на национално единство.
Вчера, воени авиони поврзани со силите на Хафтар го бомбардираа меѓународниот аеродром „Митига“ во Триполи, напад кој Владата на национално единство рече дека претставува воено злосторство.
Либија е средиште на превирања од 2011 година, кога востанието поддржано од НАТО доведе до соборување и смрт на дотогашниот лидер Муамер Гадафи, кој беше на власт во земјата цели четири децении.
Оттогаш, силните политички поделби во земјата создадоа две ривалски места на моќ: едно во источниот град Бенгази, каде што се сконцентрирани силите на Хафтар, а другото во Триполи, поддржано од ОН.