Aynur Şeyma Asan
25 Ноември 2024•Ажурирај: 26 Ноември 2024
ВИЛНУС (АА) - Најмалку едно лице загина, а четири се повредени кога карго авион удри во зграда во близина на Меѓународниот аеродром во Вилнус, главниот град на Литванија, јавува Анадолу.
Авионот што полетал од Лајпциг, Германија, за Вилнус, удрил во зграда во близина на аеродромот околу 5:30 часот по локално време, јави Литванската национална радио-телевизија (ЛРТ).
Противпожарната и спасувачка единица (ПАГД) соопшти дека избувнал пожар во зградата во која се урнал авионот.
Службеникот на ПАГД изјави дека еден од пилотите бил спасен, а според првичните информации, во несреќата едно лице загинало, а четворица се повредени.
Од друга страна, аеродромските власти соопштија дека авионот припаѓа на германската логистичка компанија ДХЛ.