Muhammed Yasin Güngör
25 Ноември 2024•Ажурирај: 26 Ноември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во главниот град Анкара го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, јавува Анадолу.
Министерот за надворешни работи Хакан Фидан и министерот за одбрана Јашар Ѓулер, исто така, присуствуваа на состанокот во Претседателскиот комплекс, што ја означи првата посета на Руте на Туркије од преземањето на новата функција, се вели во соопштението на турското Претседателство.
Фидан имаше одделни разговори со шефот на НАТО, соопшти турското МНР.
Не се соопштени детали од состаноците.
Руте, поранешен холандски премиер, ја презеде улогата на 14. генерален секретар на НАТО во октомври, наследувајќи го долгогодишниот генерален секретар Јенс Столтенберг.
Туркије е членка на алијансата од 1952 година, повеќе од 70 години.