свет

Локализиран е големиот пожар што избувна во градското собрание во 12. округ на Париз

Пожарот што синоќа ја зафати камбанаријата на градското собрание во 12. округ на Париз го гасеа повеќе од 150 пожарникари со приближно 60 возила, изјави портпаролот на противпожарната бригада, Матие Ламулијате.

Oktaj Omeragikj  | 27.01.2025 - Обновена : 28.01.2025
Локализиран е големиот пожар што избувна во градското собрание во 12. округ на Париз Фото: Лук Офрет

ПАРИЗ (АА) - Изгаснат е пожарот што избувна во зградата на градското собрание во 12. округ на Париз, известува Анадолу.

Пожарот што синоќа ја зафати камбанаријата на градското собрание во 12. округ на Париз го гасеа повеќе од 150 пожарникари со приближно 60 возила, изјави портпаролот на противпожарната бригада, Матие Ламулијате.

Во пожарот е оштетена саат-кулата на врвот на зградата што потекнува од 19 век. Поради големиот пожар камбанаријата висока 36 метри се соочува со опасност од уривање.

Во гаснењето на пожарот учествуваа повеќе од 150 пожарникари со близу 60 возила.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın