Ekipa
03 Август 2016•Ажурирај: 04 Август 2016
ЛОНДОН (АА) - Лондонската полиција ќе распореди дополнителен број вооружени полицајци по улиците на британската престолнина, по неодамнешните терористички напади во Европа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Комесарот на лондонската полиција Бернард Хоган Хое, денес најави дека ќе го зголеми „бројот и видливоста на полицајците со цел за заштита на јавноста од сите видови на закани”.
Допонителните сили ќе бидат видливи и ќе го покриваат целиот град, распоредени на улиците и во возила.
Обуката на полицајците е најавена претходно оваа година, а нивното распоредување доаѓа откако Хоган Хое во неделата предупреди дека Велика Британија не може потполно да се заштити од тероризмот и од нападите како оние што неодамна се случија во Европа, и дека е само прашање на време кога тие ќе се случат во Велика Британија.
Според полициските правила, голем број полициски службеници во Лондон не носат оружје. Дури и по промените, најголем дел од 31.000 полициски службеници нема да бидат вооружени.