Aslı Aral
12 Декември 2015•Ажурирај: 13 Декември 2015
ЛОНДОН (АА) - Неколку стотици луѓе учествуваа на протест во Лондон, главниот град на Велика Британија, организиран во знак на спротиставување на придружувањето на Обединетото Кралство во воздушните напади на меѓународната колаиција кои се изведуваат во Сирија против терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше "Запрете го бомбардирањето на Сирија" , "Не за војување". Извикуваа различни слогани со кои бараа спречување на воздушните напади во Сирија. Шетаа до канцеларијата на британскиот премиер, по што го протестот беше завршен без инциденти.
Британскиот парламент на почетокот на декември одобри изведување на воздушните напади на терористичките упоришта во Сирија, а непосредно после тоа британските бомбардери полетаа од базата во Кипар и ги изведоа првите напади.
Порано британскиот министер за одбрана Мишел Фалон соопшти дека мета на првите воздушни напади во Сирија беа нафтените извори и местата кои ги контролира терористичката организација ДАЕШ.