Betül Yürük
02 Декември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
ЖЕНЕВА (АА) – Обединетите нации ги осудија минатонеделните воздушни напади на водоводните постројки ал-Хафсек кои поради тоа без снабдување со питка вода остави 3,5 милиони жители на Алепо, а по делумната реконструкција, пристап до питка вода и понатаму немаат 1,4 милиони луѓе, јавува Anadolu Agency (АА).
„Во Сирија и понатаму се кршат основните правила на војување, особено оние кои се однесуваат на забраната за напади на виталната цивилна инфраструктура. Нападот на водоводните постројки во Алепо кој се случи минатиот четврток е алармантен пример за таквото кршење" , изјави сириската пратеничка во Фондацијата на Обединетоте нации за помиош на децата (UNICEF), Хана Сингер.
Таа не прецизираше кои сили го извеле нападот на тие објекти но познато е дека во тој регион се водат вооружени судири помеѓу сириската војска и бунтовниците, а руските и американските авиони изведуваат воздушни напади.
Сириската Опсеравторија за човекови права за нападот ги обвинува сириските воздушни сили, додека сириската новинска агенција САНА тврди дека за нападот се одговорни коалиционите сили предводени од САД, но досега нема никакви докази кои би ги потврдиле овие наводи.
Во редовниот дневен извештај на војската на САД не се наведува дека во четвртокот се изведувани било какви воздушни напади во регионот на Алепо.
Истакнувајќи дека станува збор за водоводна мрежа која со 18 милиони литри дневно снабдува 4 милиони луѓе во Алепо, Сингер рече дека по нападот, 3,5 милиони цивили во Алепо, во четвртоткот, останале без снабдување со питка вода.
Додаде дека постројките за питка вода претрпеле најголеми оштетувања, дека дел се обновени, но 1,4 милиони Сиријци и понатаму без снабдување со питка вода.