Hakan Ceyhan Aydoğan
23 Јануари 2017•Ажурирај: 24 Јануари 2017
МОСКВА (АА) - Русија ги предупреди силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад дека договорениот прекин на конфликтот мора да биде испочитуван, пренесува Anadolu Agency (AA).
Неименуван руски официјален претставник од опсерваторијата за почитување на прекинот на огнот во Сирија, во интервју за новинската агенција „Риа новости“ изјави дека станува збор за периодично прекршување на прекинот на огнот од страна на силите на сириската армија.
Рускиот официјален претставник исто така рече дека на некои команданти на силите лојални на сирискиот режим им беше испратена јасна и остра порака дека прекинот на огнот мора да се почитува на теренот.
Со посредство и под гаранција на Турција и Русија, на 30 декември минатата година беше договорено примирје во Сирија, кое според извештајот на опсерваторијата, во просек дневно се прекршува по шестпати.