Ali Cura
01 Јуни 2021•Ажурирај: 02 Јуни 2021
МИНСК
Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, истакна дека се решени да дејствуваат со Русија против санкциите и нападите на Западот врз неговата земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лукашенко во изјавата за медиумите даде детали за неговата средба со рускиот претседател, Владимир Путин, во Сочи.
Наведувајќи дека заедно со Путин мислат дека одредени сили започнале да се обединуваат и да вршат притисок околу Белорусија и Русија, Лукашенко рече: „Ние сме решени да застанеме заедно против сите овие напади.“
Лукашенко, истакнувајќи дека меѓу Белорусија и Русија постои меѓусебно разбирање за соработката во одбранбената индустрија и испораката на оружје, рече: „(На средбата со Путин) Немаше преговори за создавање на какви било воени бази (на територијата на Белорусија) и за трајно распоредување на Вооружените сили на Русија. Ова прашање никогаш не било отворено. Немаме ни потреба од тоа.“
Посочувајќи дека Русија е секогаш на страната на Белорусија, Лукашенко рече дека ако се забележи некоја сомнителна воена активност на НАТО и ситуацијата се влоши, сојузничките трупи ќе бидат распоредени во Белорусија во рок од 24 часа.
Лукашенко, нагласувајќи дека со Путин многу долго разговарале за прашањето за санкциите кон Белорусија од страна на Европската Унија и западните земји, рече дека се согласиле да најдат алгоритам за да одговорат на санкциите на Западот.