Atila Altuntaş
24 Ноември 2021•Ажурирај: 25 Ноември 2021
СТОКХОЛМ (АА) - Лидерката на Социјалдемократската партија, Магдалена Андерсон, која доби доверба во шведскиот Парламент, стана првата жена премиер на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На парламентарното гласање, 174 пратеници гласаа „против“, а 117 пратеници „за“ коалициската Влада формирана од Социјалдемократската партија и Партијата на зелените.
Коалициската Влада на чело со Магдалена Андерсон доби доверба од Парламентот, бидејќи гласовите „против“ не достигнаа 175.
- Поранешниот премиер Лофвен поднесе оставка како лидер на партијата на 4 ноември
Поранешниот шведски премиер Стефан Лофвен, кој го напушти раководството на Социјалдемократската партија на 4 ноември, ја предложи министерката за финансии, Магдалена Андерсон, да формира нова влада.
Андерсон стана новата лидерка на Социјалдемократската партија.
Родена е во 1967 година во Упсала. Од 2009 до 2012 година Андерсон беше генерална директорка на Шведската даночна служба, а министерка за финансии е од 2014 година.