Ömer Tuğrul Çam
10 Јуни 2022•Ажурирај: 12 Јуни 2022
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе ги посети Шведска и Финска, кои поднесоа барање за членство во Алијансата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на НАТО, Столтенберг в недела на 12 јуни во Финска ќе разговара со претседателот Саули Нинисто и со министерот за надворешни работи, Пека Хависто.
Столтенберг ќе присуствува и на настанот „Култаранта токс“ (Kultaranta Talks) во Финска, на кој ќе се разговара за надворешно-политички и безбедносни прашања.
Генералниот секретар на НАТО в понеделник ќе престојува во Шведска, каде што ќе се состане со премиерката Магдалена Андерсон и со членовите на Владата.
Финска и Шведска својата формална апликација за членство во НАТО ја поднесоа на 18 мај.