Ekip
23 Јуни 2017•Ажурирај: 24 Јуни 2017
БРИСЕЛ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека лидерите на ЕУ се согласиле да ги зајакнат надворешните граници и да ги поддржат либиските гранични сили, како дел од напорот за спречување на илегалните миграции во кои животот го изгубија голем број луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Во денешното обраќање на Самитот на ЕУ, Макрон изјави дека миграцијата е долготраен предизвик кој бара заеднички одговор.
ЕУ сака да ја поддржи Либија којашто е зафатена од судири, бидејќи бројот на луѓето кои бегаат од Африка во Европа, во потрага по подобар живот, и понатаму расте. Поради тоа ЕУ ќе ја зголеми поддршката на либиската крајбрежна стража, за да ги спречи луѓето да тргнат на пат преку меѓународните води во несоодветни чамци и бродови.