Hasan Esen
26 Јануари 2019•Ажурирај: 27 Јануари 2019
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, истакна дека ако во случај за осум дена не се прогласат избори во Венецуела, неговата земја ќе го признае претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хуан Гуаидо, како привремен претседател на оваа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Макрон во објава на социјалните мрежи нагласи дека народот на Венецуела на слободен начин треба да донесе одлуки за својата иднина.
„Ако во случај за осум дена не се прогласат избори, ќе бидеме подготвени да го признаеме Гуаидо за привремен претседател, со цел да започне политичкиот процес. Во оваа насока работиме со европските партнери“, рече Макрон.
Митинзите што ги организираа опозицијата и власта пред неколку дена во Венецуела, предизвикаа исклучително значајни настани за земјата и регионот.
Гуаидо, претседателот на Националното собрание, на кое поголемиот дел од контролата е во рацете на опозицијата, се прогласи за привремен претседател на државата, кого потоа го признаа и земји како САД, Канада, Колумбија, Перу, Еквадор, Парагвај, Бразил, Чиле, Панама, Аргентина, Костарика и Гватемала.
Мексико, Турција, Русија, Куба, Кина и Боливија ја потврдија нивната поддршка за Владата на Николас Мадуро.