Alaattin Doğru
26 Јуни 2021•Ажурирај: 27 Јуни 2021
ПАРИЗ
Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека напнатоста помеѓу неговата земја и Турција се намалила во последните седмици, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во обраќањето на конференцијата за медиумите во Брисел, каде што се одржува Самитот на Европската Унија (ЕУ), Макрон рече дека напнатоста помеѓу Париз и Анкара се намалила во текот на последните седмици.
Претседателот Макрон изјави дека земјите членки на ЕУ со будно око ќе ги следат случувањата во текот на летото и дека повторно ќе се вклучат во соработка со Турција.