AP
12 Декември 2015•Ажурирај: 12 Декември 2015
ПАРИЗ (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Бан Ки-мун, им порача на светските дипломати, кои во Париз преговараа за крајниот нацрт договор за борба против глобалното затоплување, дека целиот свет ги набљудува и да делуваат во заеднички интерес, јавува Anadolu Agency (AA).
„Цел свет ве гледа. Милијарди луѓе се ослонуваат на вашата мудрост. Дојде време да се признае дека националните интереси најдобро му служат на делувањето во меѓународен интерес“, изјави Бан Ки-мун.
Генералниот секретар на ОН им порача на делегатите од околу 200 земји дека решенијата за климатските промени се на маса и дека треба да ги разбереме.
Кажа дека делегатите напорно работеле во изминатте две недели и им се заблагодари за тоа.
Ги повика развиените земји да пружат финансиска помош за прилагодување и ограничување и активно да тргнат по патот на намалување на емисијата на гасовите од „стаклената градина“. Од земјите во развој побара поактивна улога, во согласност со нивните можности.