Esra Taşkın
20 Октомври 2022•Ажурирај: 24 Октомври 2022
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон присуствуваше на церемонијата на одбележување на 100-годишнината од Големата џамија во Париз, јавува Агенција Анадолија (АА).
На овој начин тој сакаше да упати порака дека како претседател ги претставува сите сегменти на француското општество.
Локалните медиуми објавија дека Макрон во говорот на церемонијата рекол дека Големата џамија е „рај на мирот роден од бурата во историјата“.
Како што нагласил, нема да дозволи ситуација на омраза и недоверба кон муслиманите во Франција.
Во текот на посетата на џамијата, Макрон ја посети и изложбата насловена „1922 - 2022, први погледи, прв камен“.
Макрон го одликуваше Шемс-Един Хафиз, имамот на џамијата, со Легијата на честа, највисокото цивилно признание што го доделува француската држава.
Големата џамија во Париз е изградена во 1922 година во чест на околу 70.000 муслимани кои го дале својот живот за Франција за време на Првата светска војна.