Barış Seçkin
06 Јули 2017•Ажурирај: 07 Јули 2017
РИМ (АА) - Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона стана почесен граѓанин на Неапол, за чијшто клуб играше седум години и постигна големи успеси, јавува Anadolu Agency (AA).
Марадона во Неапол пристигна во далечната 1984 и остана до 1991 година. По повод 33 години од неговото прво доаѓање во овој град, во палатата на Градот Неапол беше организирана церемонија.
Со одлука на Градскиот совет, на Марадона му е доделена Повелба за почесен граѓанин на Неапол, а му беше врачена од градоначалникот Луиџи де Магиситрис.
„Дресот на Марадона со бројот 10 е нешто што денес сите нѐ обединува. Затоа, би сакал да му се заблагодарам. Денес, заедно со нас е најдобриот фудбалер на сите времиња и човекот којшто направи еден сон да се оствари“, порача во своето обраќање градоначалникот Магиситрис.
Марадона нагласи дека од првиот денот кога првпат стапнал во Неапол, себеси секогаш се сметал за дел од овој град.
Тој му се заблагодари на градоначалникот и на граѓаните на Неапол, и рече:
„Никој не ме нема сакано како неаполците“.
Иако Марадона за италијанскиот клуб Наполи играше пред 25 години, љубовта и симпатиите кон овој фудбалер никогаш не престанаа. Тоа го покажа и италијанскиот сликар Јорит Агоч сликајќи го ликот на Марадона на еден станбен објект во Неапол, според кој може да се види од многу точки на градот.
Марадона играше за Наполи во периодот помеѓу 1985 и 1991 година. За шест години забележа 188 натпревари и 81 погодоци. Марадона беше и остана за неаполците најголемиот син на Неапол и вечна, недопирлива легенда.
Се раскажува дека околу 20.000 гласачи на локалните избори, што се одржуваа тие денови, на гласачките ливчиња напишале „Viva Maradona!“.
Дваесет и пет отсто од децата коишто се родени во тие денови во Неапол го добиле името Диего.