İnci Gündağ
06 Јули 2017•Ажурирај: 06 Јули 2017
ЛОНДОН (АА) - Во главниот град на Велика Британија, Лондон, се одржаа протести против исламофобијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите, кои беа одржани пред метро станицата во квартот Стратфорд во источниот дел на Лондон, ги организираше невладината организација „Застани против расизмот”.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Не за исламофобијата” и „Не за омразата”.
Насобраните граѓани порачаа дека на овој начин сакаат да се солидализираат со припадниците на исламската вероисповест, кои неретко се цел на исламофобични напади и навреди.
Тие потсетија и на нападот со киселина врз двајца муслимани во источниот дел на Лондон, на 21 јуни.
Роб Фергусон, еден од организаторите на протестите, истакна дека нападот врз муслиманите со киселина во источен Лондон е „исламофобично злосторство од омраза”.
Тој напомена и дека британските власти не работат доволно против ваквите напади врз муслиманите.