Ekip
07 Јули 2017•Ажурирај: 08 Јули 2017
МИЛАНО (АА) - Петкатна станбена зграда се урна блиску јужниот италијанскиот град Неапол, а властите работат на пронаоѓање на лицата што евентуално се заробени под урнатините, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставници на противпожарната служба за локалните медиуми рекоа дека веруваат оти под урнатините во градот Торе Анунциата се заробени шест или седум лица.
Новинската агенција „ANSA“ (АНСА) ги цитираше сведоците кои рекоа дека пред уривањето на зградата утринава не се слушнала експлозија, но во тој момент поминал воз на пругата во близина.
Сликите од местото на настанот покажуваат дека структурата на зградата е делумно урната, додека пожарникарите ја проверуваат стабилноста на соседната зграда во станбената населба.