Atila Altuntaş
01 Ноември 2022•Ажурирај: 02 Ноември 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Финската премиерка Сана Марин побара од Туркије и Унгарија побрзо да го одобрат членството на Финска во НАТО, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Марин даде изјава за медиумите по Самитот на скандинавски лидери одржан во Хелсинки, главниот град на Финска.
Во својата изјава премиерката Марин се осврна на членството на Финска во НАТО.
„Сите очи се свртени кон Унгарија и Туркије. Бараме овие земји брзо да го одобрат нашето членство во НАТО“, рече таа.
Од друга страна, шведскиот премиер Улф Кристерсон рече дека споделуваат ист став со неговата финска колешка.
„Шведска и Финска треба да дејствуваат во координација, и во исто време да влезат во НАТО“, истакна Кристерсон.