Afra Aksoy
30 Јули 2017•Ажурирај: 30 Јули 2017
РАБАТ (АА) - По повод годишнината од крунисувањето, мароканскиот крал Мухамед Шести помилува повеќе од илјада затвореници, јавува Anadolu Agency (AA).
Кралот Мухамед Шести овие денови ja одбележувa 18-годишнината од седнувањето на престолот на Кралството Мароко, и во таа пригода денес помилува вкупно 1.178 затвореници.
Во соопштението на Министерството за правда на Мароко се вели дека меѓу затворениците се и затвореници кои ја чекале конечната пресуда во притворот.
Кралот Мухамед Шести е крунисан за крал на Мароко на 30 јули 1999 година, по смртта на неговиот татко, кралот Хасан Втори.