Bilgin S. Şaşmaz
14 Мај 2016•Ажурирај: 15 Мај 2016
ЊУЈОРК (АА) - Приближно 10 илјади луѓе од 53 земји се приклучија кон маршот во Њујрок, организиран на денот на Фалун Дафа, во знак на протест на политиката за ограничувачко изведување на култот Фалун Дафа ,спроведена од Кинеската влада, пренесува Anadoly Agency (AA).
Приврзаниците на античката медитација Фалун Дафа, кои ги има во повеќе милионски број, во повеќе од 100 земји во светот, остварија импресивно дефиле во Менхетан. Насобраните активисти во Даг Хамарсколд паркот, наспроти зградата на ОН, групно го започнаа својот пешачки марш, кој заврши на улицата 42, пропратен од безбедносните мерки на полицијата.
Демонстрантите се движеа во придружба на бендовски состав, изведувајќи јога движења, со цел привлекување на внимание во поглед на цврстата ограничувачка политика , со која се соочени. Демонстрантите од првите редови, во рацете носеа плакати со фотографии од одредени кинески политичари, со натписи со кои се изразува незадоволството од кинеската влада.
Ритуалите на демонстрантите, кои се движеа во редови од по 5 души, беа пренесувани и во живо на некои од каналите.
Фалун Дафа култот, кој е исто така познат и под името Фалун Гонг, датира од античката историја, но од 1992 година се распространува од Кина кон земјите на светот. Истиот претставува сплет на движења и ритуали кои го разиваат човечкото тело и човечкиот дух истовремено.
Фалун Дафа е признаен како принцип за спознавање со универзумот, вистината, сочувството и толеранцијата, преку комбинирање на секојдневни вежби од пет сета, и истиот се смета за напреден тип на медитација.