Cem Genco
14 Мај 2016•Ажурирај: 15 Мај 2016
ХАТАЈ (АА) - Хуманитарните здруженија „Хејбе”, „Мусаб Бин Умејр” и„ Куртуба” од Турција пратија хуманитарна помош на загрозеното население во Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата на претседателот на здружението „Хејбе” , Јасин Карајел, тие ќе продолжат со постојаното праќање на хуманитарна помош на Алепо. Тој додаде дека поради судирите и воздушните напади значително е отежнато праќањето на помош на загрозеното население.
„Во заедничката акција со здруженијата на „Мусаб Бин Умејр” и„ Куртуба” на своите браќа во Алепо им се пратени 30 тони на брашно, лекови во вредност од 40.000 лири (11.912 евра) како и препарати за чистење во вредност од 20.000 лири (5.956 евра)”, изјави Карајел и истакна дека е потребно праќање на додатна помош на загрозеното население.
Претседателот на здружението на „Мусаб Бин Умејр” , Тахсин Шенлик, изјави дека ќе продолжи да помага и да им пружа подрршка на сириските семејства.
„ Своите акции ги забрзуваме и продолжуваме. Се надеваме дека пратената помош барем малку ќе им го олесни животот”, истакна Шенлик и додаде дека населението во регионот навистина се наоѓа во тешка ситуација и му е потребна неопходна помош.