Ahmet Emin Dönmez
26 Мај 2022•Ажурирај: 27 Мај 2022
ЈАУНДЕ (АА) ‒ Медиумскиот самит Турција - Африка, поддржан од Кабинетот на турскиот претседател по повод 25 мај - Денот на Африка, доби широка покриеност во африканските медиуми, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во веста на Нигерската новинска агенција (L'Agence Nigerienne De presse), осврнувајќи се на односите меѓу Турција и Африка, кои зедоа замав во последните години, се нагласува дека Турција ќе биде силен актер на континентот на полето на комуникацијата.
Во Агенцијата „Екофин“ (Ecofin) беше коментирано дека Турција, која е меѓу важните партнери за африканските земји, со своите инвестиции во медиумската област е решена да биде постојана во Африка.
„ИндепендентНгр“ (IndependentNgr), еден од најчитаните весници во Нигерија, привлекувајќи внимание на Договорот за соработка потпишан меѓу Агенција Анадолија (AA) и Нигериската новинска агенција (NAN), нагласи дека Турција собра 80 новинари од 45 африкански земји во Истанбул и е важна за решавање на проблемите на секторот.
Весникот „Судан Булетин“ (Sudan Bulletin) од Судан, коментира дека со Самитот, Турција има за цел да ја зголеми соработката и координацијата меѓу турските и африканските новинари.
На Самитот што се одржува во Истанбул присуствуваат голем број учесници и гости од Турција и Африка.