Zafer Fatih Beyaz
26 Мај 2022•Ажурирај: 27 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон за актуелните билатерални и регионални теми, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател соопштено е дека Ердоган и Макрон во телефонскиот разговор разгледале низа прашања поврзани со билатералните односи помеѓу Турција и Франција, како и дека разговарале за регионални теми со фокус на војната во Украина и барањето на Шведска и Финска за прием на НАТО.
Ердоган во текот на разговорот рече дека Турција сака што порано да се постигне праведен мир помеѓу Русија и Украина и дека и понатаму ги охрабрува тие две земји да тргнат по пат на дијалог и дипломатија.
Турскиот претседател Ердоган, исто така, рече дека контактите на Шведска и Финска со поединци и таканаречени организации под контрола на терористичката организација ПКК/ЈПГ не би биле компатибилни со духот на сојузништвото во рамките на НАТО.